Деркоски: Нема предизборна кампања, не се комплетирани кандидатските листи 04/03/19 Edit

На новинарски прашања Оливер Деркоски од ДИК и Билјана Ивановска од ДКСК, по потпишувањето на Меморандумот за сорабтока меѓу овие две институции и Државниот завод за ревизија,  одговорија дека до сега нема укажувања за предизборна кампања. Деркоски изјави дека уште не се комплетирани листите официјално за да се започне со кампањата.

„Нема потврдени листи на кандидати, затоа и нема предвремен почеток на кампањата. Тие треба да се потврдат до 21 март, до тогаш да ги достават своите кандидатури. КОга тие ќе се потврдат можеме да зборуваме за предвремен почеток на изборна кампања“, ијзави Деркоски.

До сега потписи за поддршка собрала само кандидатката за претседателка на државата Гордана Силјановска Давковска, вкупно 16.000 илјади потписи на граѓани.

„Од почетокот се собираа потписи за Гордана Силјаноска Давковска, Филип Петровски, за Амди Бајрам, Јосиф Мирчески, Димче Петроски, Господин Поповски и за Блерим Река. За Давковска по првиот ден беа повлечени листите, затоа што се надмина лимитот над 10.000 потписи… Исто така, Амди Бајрам најави дека ќе ги повлече своите листи, додека се собираа имаше некаде околу 3.500 потписи, а активнстите за другите кандидати се во тек“, изјави Деркоски.

Блерим Река процесот за собирање на потписи го започна во саботата и според податоците на ДИК до сега собрал околку 6.000 потписи.

Што се однесува до новата обврска на ДИК, исплата на средствата на медиумската кампања, процесот ќе се одвива во две етапи. Како што објасни Деркоски, по доставување на потребните документи од партии, првата исплата ќе биде 12-от ден од доставувањето, а втората испалата е 10-от ден по завршување на кампањата.

Б. Јордановска (текст, фотографија, монтажа)

Камера: Дехран Муратов