ДИК, ДЗР и ДКСК во заедничка борба против изборните нерегуларности

Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка за време на претседателските избори.

Меморандумот го потпишаа претседателите на овие институции, Оливер Деркоски, ДИК, Билјана Ивановска, ДКСК, и Насер Адеми, ДЗР.

„Конечно се комплетиравме во системот на организации во спроведување на избори, посебно со колегите од ДКСК. На овој начин ќе можеме да си помагаме сите и да ги спроведеме изборите како што треба“, изјави Оливер Деркоски.

„Од големо значење е денешниот ден со што сметам дека ќе се обезбеди на организиран начин следење на целиот изборен процес. Со новот закон зголемени се надлежностите на ДКСК од аспект на следење на изборната кампања и од тој аспект многу ќе ни биде од значење соработката со ДЗР, како и со ДИК. Соработката ќе се одвива во однос на размена на информации, соработка при постапувања, меѓусебна помош преку давање на стручни совети, како и преку меѓусебно известување доколку настанат одредени изборни нерегуларности“, изјави Билјана Ивановска.

Насер Адеми, заменик главен државен ревизор, ја истакна потребата од ваквата соработка и можноста да се спроведат изборите според очекувањата.

Б. Јордановска (текст, фотографија, монтажа)

Камера: Дехран Муратов