Дивата депонија во Кичево, не е приоритет на локалната власт

Дивата депонија во Кичево е извор на зараза. Се наоѓа речиси во центарот на градот, зад болницата, во близина на река „Темница“, којашто се влива во реката Треска. Опасноста од инфекции е голема, иако речиси една година, поточно од пролетта минатата година, овде не се фрла градскиот отпад и шут. Сепак нус ефектите од распадот на ѓубрето, сметот и шутот, како што известува за ЦИВИЛ Медиа, граѓански новинар, кој инсистира на своја анонимност, ги трпат жителите, чии дворови и градини се на неколку чекори од дивата депонија.

Дива депонија во Кичево

Овој граѓански новинар додава и дека жителите се жалат дека при палење на отпадот во лето, се шири непријатен мирис, чад на сите страни и дека многу граѓани имаат проблем со дишењето.

Меѓу кичевчани се шират гласишта дека сега комуналците отпадот го фрлаат на времена локација во месноста „Црвевци“, во близина на рурална населба во Општина Осломеј. Се споменуваат како што вели и некои опции за изградба на санитарна депонија во рамките на стариот коп на РЕК Осломеј, но недостигаат анализи дали отпадните води што продираат во почвата, би се мешале со подземните води.

Дивата депонија во Кичево се наоѓа веднаш до урбаната населба

Најастрашно од сѐе што, локалните власти без оглед на политичката провиниенција, со години најавуваат трајни решенија за проблемот со складирање на градскиот отпад, а од реализацијата нема ништо на повидок.

Моменталната слика ја потврдува и овој видео клип и фотографиите направени на терен.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish