Најчевска: Пописот не е патриотизам туку статистичката операција која е врзана со бројки а не со емоции

„Пописот е одложен, но останува прашањето – зошто е одложен? Мене ми е нејасно, зошто е одложен пописот, дали е одложен поради пандемијата бидејки однесувањето на граѓаните не покажува дека постои страв од пандемија. Можеби пописот се одложи поради лошиот Закон и методологија за одржување на попис, но очигледно причината не е Законот за попис, бидејќи веќе се собрани илјадници податоци од дијаспората и би било нелогично сега да се менува методологијата на собирање на податоци“, истакна професорката Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, на панелот на ЦИВИЛ, „Попис: Статистика, не политика“.

„Овој момент е проблематичен, бидејќи пописот е статистичка и важна операција, но неспорно е дека оваа операција кај нас е политичка операција. Од чисто статистичка се претвори во чисто политичка операција.

Ваквата деформација се случи многу поодамна со промена на Уставот врз основа на Рамковниот договор и каде што бројките беа поврзани со правата на гарѓаните. Секое пребројување станува политичка акција.

Навистина не знам како политичките партии ќе ги убедат граѓаните дека пописот е статистичка, а не политичка операција кога двајца политички лидери седнаа на маса и се договорија за одложување на пописот.

За време на капањата наместо да ги слушнеме бенефитите од пописот, да ги слушнеме објективните параметри кои се многу значајни, ние слушнавме работи кои немаат апсолутно врска со ова, слушнавме  дека пописот е патриотски чин. Каква врска има патриотизмот со статистичката операција. Моментот кога почна да се повикува на бојкот, веднаш тоа стана политички акт.

Во целата оваа кармакашија, одигра улогата на Артан Груби што од други држави отиде да ги повикува сите етнички Албанци да се попишуваат со цел добивање на поголеми бројки.

Наместо да се влезе во кампања за тоа кои бенефити ќе се добијат од статистичките податоци, политичарите водеа политички кампањи.

Дојдоа до забуна и се измешаа поимите дијаспора и иселеници, не можеа да се договорат кој термин да го користат. Апликацијата за самопопишување е со лош англиски јазик дознав од мои блиски луѓе кои живеат во странство.

За да можеме да го направиме пописот статистичка а не политичка операција треба да ги избришеме бројките како основа за добивање на права и слободи. Не може правата и слободите да се поврзат со бројот на луѓето кои се наоѓаат во државата.

Не смее Собранието да биде слуга на политичките партии, и треба да ја преземе улогата оваа статистичка операција да не се претвори во политичка.

Треба да целиме да се прави целосно електронски попис со вкрстување на податоците.

Доколку пописот се одржи во септември нема шанси да се прочитат избирачките списоци, ниту да се сменат бројките кои се употребуваат во изборите, а ние ќе имаме избори веќе во октомври“ истакна Најчевска.

Професорката Најчевска истакна дека актуелната власт требаше многу порано да направи попис за да се избегнат сите проблеми со кои се соочуваме. Таа додава дека изборите, референдумот и слично не се оправдување зошто досега не се спроведе попис, бидејќи и оваа година имаме избори, а сепак ќе се спроведе попис.

„Статистичката операција не е партиотизам, таа не е врзана со емоции туку со бројки и податоци, кога имаме политичка пропаганда не може да имаме статистичка акција“, истакна Најчевска.

Таа додаде дека во светот проблеми со пописот каде се бараат решенија како да се дефинира стапката за расана определба.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска