Премиерско табло: Сите терсене, Груевски наопаку!

Граѓански новинар испрати фотографија од холот на зградата на владата на Република Македонија, каде што се поставени фотографиите на сите поранешни премиери на земјата. Во низата, од пред некој ден, се додадени фотографиите на последните два премиери, Никола Груевски и Емил Димитриев.

Тоа што може да се забележи е дека за разлика од фотографиите на другите премиери, фотографиите на Димитриев и Груевски се единствените каде што премиерите се сликани со македонското знаме во позадина. Освен тоа, најзабележлива е фотографијата на Груевски која за разлика од сите останати портрети е поставена во хоризонтална положба.

This post is also available in: AlbanianEnglish