Граѓанскиот новинар Вулнет Махмути првпат ги фотографирал ќесињата на 14 април, Велипеток, неработен ден, кога стотици луѓе шетаа по Кејот со нивните деца!
Вџашен, тој тогаш напиша: „Некои деца само играа, имаше и деца кои љубопитно гледаа во кесињата со крв, но имаше реакција од постарите луѓе кои беа таму и им довикнуваа на децата да не ги чепкаат, за да не се заразат со некоја болест“.
По четири дена, денес, (вторник, 18 април) граѓанскиот новинар на истото место, повторно ги фотографирал кесињата со крв. Сè уште се на истото место...
Комуналците не реагирале, и покрај тоа што имаше објави и во традиционалните медиуми за фрлените кесиња под Камениот мост. Кесињата содржат црвена течност која најмногу потсетува на крв.
Во медиумите, од Трансфузиологија тврдеа дека кесињата под Камениот мост не се нивни. Но, сè уште нема официјална информација како овие кесиња со нивната содржина, се нашле под Камениот мост, и дали црвената течност во нив е крв. Кој и зошто ги расфрлал овие кесиња? Кој го загрозува здравјето на граѓан(к)ите?