Профилот @StevanoAna на Tвитер објави дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев нудел од 200 до 500 000 евра на пратеници за да формира влада. Инаку, профилот @StevanoAna е направен во јануари 2020 година, и најчесто споделува лажни вести и говор на омраза, особено во предизборната кампања.
Објавата на овој профил, доби и коментари со говор на омраза.
Помеѓу профилите коишто ја споделиле оваа објава, се најдоа и @Fortifikacija, @C4i7Z и @POTUS_OrbanMK, кои се Твитер профили коишто се дел од мрежата на партиски ботови коишто учествуваа(т) во оркестрирано ширење на говор на омраза и лажни вести за време на изборната кампања, во корист на политичките партии ВМРО ДПМНЕ и Левица.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ ја провери оваа информација кој се шири на Твитер, и истата ја најде на интернет порталот „Вечер“ си наслов: „СДСМ отвори тендер за купување пратеници, изборите губат секаква смисла“, во кој пишуваат: „На двајца пратеници веќе им е доставена понуда, на едниот 200.000 а на другиот 500.000 евра за премин во пратеничкиот камп на СДСМ“.
Освен порталот „Вечер“, оваа лажна вест ја објавија и порталите „Весник“ и „Daily.mk“.
Дека се работи за лага и дезинформација е и самиот податок дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е на одмор и нагласи дека процесот на преговори за формирањето Влада, ќе следува после илинденските празници.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно ги следи, архивира, и објавува случаите со говор на омраза и ширење на лажни вести.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ