СКЕН - политички видео магазин: Избори, ден потоа

По завршување на изборите, речиси сите поголеми партии прогласија дека се победници и покрај проблемите со хакираниот сајт на Државната изборна комисија. „Избори, ден потоа“ е тема на ова издание на видео магазинот СКЕН.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по завршување на изборите, некаде по полноќ пред присутните симпатизери и новинари им се заблагодари на гласачите и истакна дека концептот едно општество за сите – го победи режимот.

За разлика од Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дури утредена на 16 јули, се појави на пресконференција и се прогласи за апсолутен победник.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, откако стана јасно дека ќе влезе во Собранието, на својот Фејсбук профил истакнал дека „сите ќе ги стрела“.

Политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, нагласи дека партијата Левица за време на кампањата успеа да се промовира како радикална десница.

Аналитичарот Висар Адеми, истакна дека ДУИ изигра паметно со кампањата за Албанец премиер, со тоа што никој не зборуваше за криминалот, корупцијата…

Професорката Јасна Бачовска на панел дискусијата на ЦИВИЛ нагласи дека на овие избори преовладуваше црната кампања.

Општа оценка на изборниот процес, според првичните резултати од обработените извештаи од мониторингот на ЦИВИЛ, е дека имавме уште еден деликатен, но успешен, демократски, слободен и безбеден изборен процес во РСМ. Им честитаме на граѓанките и граѓаните за високата свест и политичка култура, како и за почитувањето на здравствените протоколи, соопшти Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Сепак, денот беше исполнет со тензии на повеќе места низ земјата, како и со голем број помали или поголеми пропусти, па и нерегуларности. Денот го одбележа и инцидентот во Тетово, каде што „блиска средба“ имаа советникот на техничкиот министер Наќе Чулев со локалните полицајци. ЦИВИЛ го осудува овој насилнички акт на советникот и очекува брзо решавање на случајот“, додаде Дерала.

Но, кој е победник на овие избори ќе видиме во наредниот период.

Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети