Динамичен дводневен семинар за транспарентни и одговорни политики во Велес

ЦИВИЛ ја продолжи серијата семинари за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси. Семинарите се дел од долгогодишниот проект „Граѓански објектив“ и во кои до сега учествувале повеќе од 1.200 граѓански новинари, активисти и многу други заинтересирани за граѓанско учество во донесувањето на одлуките на локално и национално ниво.

На семинарот „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ што се одржа 25 и 26 јули (сабота и недела) во хотел Романтик, Велес учествуваа граѓанки и граѓанки од Централниот и Источниот регион за што ЦИВИЛ обезбеди голем простор согласно мерките за заштита од Ковид-19 за максимално почитување на протоколите за безбедност од коронавирусот.

Петрит Сарачани, Семинар за транспарентни и политички процеси, Велес 25-26 јули 2020

Дводневниот семинар беше одлична можност за учесниците да се информираат како можт да соработуваат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ.

Тематските области што ги опфати семинарот беа во делот на човековите права и слободи, граѓанските  политичките права беа транспарентност, одговорност, граѓанско учество, добро владеење, антикорупција, правото на глас и изборниот монторинг. Тематски обласи во делот на антидемократски тенденции и хибридни закани против демократијата беа злоупотреби на моќта, лажни вести и дезинформации, говор на омраза, пропагандата и сајбер нападите.

На семинарот учесниците имаа можност преку предавањата на Петри Сарачини да се запознаат со медиумската писменост и влијанието на медиумите во политиката, да научат да препознаат лажна вест и дезинформација и кои критериуми се потребни за вистинско пласирање на информациите.

Дехран Муратов, ЦИВИл, Семинар за транспарентни и одговорни политички процеси, Велес 25-26 јули 2020

Преку исцрпното излагање на Дехран Муратов присутните можеа да се запознаат со формите на дејствување во рамки на проектот и тоа медумската продукција, граѓанска едукација и јакнење на јавната свест и изборниот мониторинг кој има своја, специфична само за ЦИВИЛ, методологија, во рамките на граѓанското новинарство.

Муратов преку примери ја презентираше медиумската продукција, видео сегментот СКЕН - политички видео магазин, како и борбата против говорот на омраза, лажните вести и дезинформации, како и проектниот сајт clp.mk наменет за граѓанските новинари.

Дијана Тахири, ЦИВИЛ, Семинар за транспарентни и одговорни политички процеси, Велес, 25-26 јули 2020

Една од алармантните битки што се водат со цел да се делува и да се бара такво транспарентно и одговорно однесување од носителите на одлуки е онаа што се води против коупцијата. За тоа што е корупција, кои се корените на корупцијата, за нејзините цели  зборуваше Дијана Тахири.

На агендата на семинарот беа и хибридните закани и пост-вистината и како да се препознаат, разобличат, но и како да се делува против нив.

Преку граѓанското новинарство, граѓанките и граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните и локалните функционери и институции и да вршат притисок тие да работат според законите, транспарентно и одговорно. Дводневниот семинар им покажа како можат да се вмрежуваат, како да комуницираат и соработуваат со ЦИВИЛ и како активно да придонесат преку своето граѓанско учество во носењето одлуки на локално и национално ниво.

Семинарот се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ тим за комуникации