ЗОРАН ИВАНОВ, уредник и новинар
Република Северна Македонија генерално е слободна земја. Аналогно на тоа и со слободни медиуми и со слободни новинари.
Оваа субјективна констатција, меѓутоа, е уште само теорија. Во стварноста, македонските медиуми и македонското новинарството се предоминантно вјаснати од центрите на моќ лоцирани во спрегата политика – бизнис.
Па, таму, на таа локација, би требало да се насочи примарниот редакциски уредувачки фокус. Токму таа спрега да е новинарскиот фронт за новинарското себеослободување.