Истекува рокот за пријавување на семинарот за транспарентни и одговорни политички процеси

Вториот регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси ќе се одржи викендов, на 19 октомври (сабота) во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.

Право на учество на вториот регионален семинар имаат жителите на општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Поради огромниот интерес за учество на семинарот не е доволно само да се пријавите преку настанот објавен на Фејсбук. Доколку сте заинтересирани задолжително пополнете ја АПЛИКАЦИЈАТА ЗА УЧЕСТВО. Рокот за пријавување за учество на вториот регионален семинар истекува денеска, 17 октомври во 17 часот.

Новата серија на семинари на ЦИВИЛ посветени на транспарентни и одговорни политички процеси се мошне динамични, со интензивни предавања и практични вежби, каде учесниците имаат можност да се запознаат со основите на новинарството, граѓанското учество и активизмот и борбата за човековите права и слободи.

Дел од предавањата се посветени на новите технолошки придобивки како инструмент во борбата за транспарентни и одговорни политички процеси.

Семинарите се дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ што ЦИВИЛ веќе петта година го спроведува во соработка со National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ тим за комуникации