„Бремените жени треба да ги практикуваат истите мерки на претпазливост како и другите луѓе. Сите бремени жени, вклучувајќи ги и оние со потврдена или сомнителна зараза со COVID-19, имаат право на висококвалитетна нега пред, за време на и после породувањето. Под нега во овој контекст се подразбира предпородилна нега, нега за новороденчето, постпородилна нега, интрапартална нега и грижа за менталното здравје.
За да едно мајчино искуство со породување биде оценето како безбедно и позитивно, потребно е:
• Со жената да се постапува со почит и достоинство;
• За време на породувањето да може да биде присутен некој(а) кого жената ќе си го избере;
• Жената да добива јасни пораки или насоки од вработените во породилиштето;
• Да има соодветни стратегии за ублажување на болките;
• Секаде каде е тоа остварливо, да им се обезбеди на жените можност да бидат подвижни за време на трудовите, како и позиција за раѓање по нивен избор.
При сомнителен или потврден случај на COVID-19, здравствените работници ги преземаат сите мерки на претпазливост со цел да го намалат ризикот по себе и другите, вклучувајќи хигиена на рацете и соодветно користење на заштитна облека од типот на ракавици, скафандер и медицинска маска.“ Напиша на својот фб профил Венко Филипче