Член на Левица со закани кон активистот и новинар Сарачини: „Црнa дупко, уште малку ти остана“

Иван Јовановски, член на партијата Левица, му се заканува на новинарот, активист и член на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини дека уште малку му остана, нема кај да се скрие.

„Петрите црнa дупко, кај ќе се пикаш бе глушец, уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Него ако, истури се, олесни се, нека, уште малце“, гласи заканата на Јовановски.

Членот на Левица, Јовановски оваа закана ја испрати преку видео порака на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ која е отворена пред неколку месеци, а каде има цела низа постови и коментари со навреди, говор на омраза и закани кон Сарачини.

Иван Јовановски, член на Левица, до лидерот на партијата Апасиев / Фото: од неговиот Фeјсбук профил

Активистот Сарачини оваа закана ја објавил на својот Фејсбук профил и јавно прашува:

„Што да правам со овој лик кој е во врхушката на фашистичката Левица? Да пријавам по не знам кој пат во полиција, обвинителство и – пак да нема реакција? Или во ЗНМ, СЕММ, ССНМ, што за некои новинари дигаат аларм а за некои не, па да ме дочека пак чувството на нееднаков меѓу “поеднаквите”?

Очигледно, институционалната неказнивост, која е нотирана и во извештаи на Европската комисија и од повеќе угледни меѓународни организации, им дозволува на високи функционери, лидери и членови на партии да се закануваат на новинари и граѓански активисти. Дел од коментарите и објавите на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ се зајадливи и навредливи, но има и пораки со јасна заканувачка содржина.

Администраторите на оваа група во која има говор на омраза, закани, навреди се: адвокатот Јанаки Митровски, инфлуенсерот Иљче Затаракоски, браќата Жарко и Дарко Малсарковски од Левица (инаку музичари од групата Пука козметика, Брука бенд), Дејан Игњатов сопственик на софтвер компанија…

Заасега, институциите молчат, Секторот за компјутерски криминал при МВР и Јавното обвинителство молчат, невладиниот сектор молчи. И медиумските здруженија молчат, речиси секогаш кога се во прашање вакви директни напади врз новинарот и активист Сарачини.

ЦИВИЛ Центар за слобода не молчел нито досега, ниту ќе молчи во иднина, кога одредена партиска струкрура ќе напаѓа и ќе се заканува на било кој граѓанин или граѓанка, активист или активистка. Доста беше молк!

Мониторинг тим на ЦИВИЛ