Заев: Колку повеќе, толку подобро. Попиши се!

Од понеделник 1 март, преку веб-страницата https://stat.gov.mk започнува самопопишувањето на дијаспората и ќе трае сè до 21 април.

„Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци кои ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики кои водат кон искоренување на сите форми на сиромаштија, нееднаквост, зачувување на животната средина, обезбедување на просперитет и мир“ – напиша премиерот Зоран Заев на својот профил.

„Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите“ – нагласува Заев.

„Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца. Колку повеќе, толку подобро. Попиши се!“ – повика премиерот.

Повеќе информации за самопопишувањето на дијаспората:

Македонски: https://fb.watch/3XA_6uw8T5/

Албански: https://fb.watch/3XB0n-x9sS/