Семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одговорни политички процеси

ЦИВИЛ новата 2020 година ја стартува со два семинари за транспарентни и одговорни политички процеси наменети за Полошкиот и Југоисточниот плански регион. Учесниците на семинарите ќе имаат можност да учествуваат во изборниот мониторинг на ЦИВИЛ за претстојните предвремени парламентарни избори во април.

Првиот семинар ќе се одржи на 25 јануари, во Гостивар, во хотел „Бунар“ (во центарот на Гостивар). Право на учество имаат апликантите од општините во Полошкиот плански регион: Гостивар, Тетово, Врапчиште, Брвеница, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Гостивар.

Семинарите е дел од проектот „Граѓански објектив“, и претставува одлична можност за активно учество и придонес кон промовирање на човековите права и слободи, запознавање со вештините на мониторингот и новинарското известување, како и можност за воспоставување долгорочна соработка со ЦИВИЛ. Ова особено е важно во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, кои ЦИВИЛ ќе ги мониторира.

Затоа, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од тимот на ЦИВИЛ и да дадете свој придонес кон транспарентни и одговорни политички процеси, особено преку набљудувањето на изборите.

Доколку сакате да станете кандидат за мониторинг тимот, сè што е потребно е да се пополни пријавата за учество на некој од семинарите кои ЦИВИЛ ќе ги организира во наредниот период.

ЦИВИЛ Тим за комуникации