Андоновски: Не смееме за запреме и мораме уште пожестоко да продолжиме да се бориме за своите права!

Кочо Андоновски од ЛГБТИ – Центарот за поддршка на отворањето на ЦИВИЛ ФЕСТ зборуваше за човековите права, Универзалната декларација за човекови права осврнувајќи се на 50тите години кога почнува спроведувањето на принципите на декларацијата во самите општества.

„Веројатно мотивот за спроведување на еден ваков принцип бил многу лукративен. Она до што е дојдено од истражувањата е дека среќни луѓе на коишто им се исполнети правата се многу попродуктивни, и на тој начин со својата продуктивност многу полесно и побрзо ќе можат да ги изградат општествата коишто беа разурнати. И воопшто не е важно од кои причини започнал, туку до каде е стигнат тој принцип. Тој принцип многу се разви, имаме и втора, и трета, и четврта генерација на права на кои се уште многу работиме. За жал, ние имавме декада каде што работевме на основното право на живот. Нам буквално ни беше загрозено основното право на живот. И после ослободувањето, за жал, од аспект на ЛГБТИ заедницата, се уште не се разрешени сите случаи на физичко насилство кон ЛГБТИ центарот, ЛГБТИ активистите и ЛГБТИ организации. Ова мене ми фрла мал сомнеж за тоа колку и како ќе напредуваме во однос на исполнувањето на правата на нашите граѓани“, истакна Андоновски.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска