Здравкин: Државата да се потпре на граѓанскиот сектор

Активистката и хуманистка Ленче Здравкин, на Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“, која е дел од активностите за одбележување на 20 годишнината на ЦИВИЛ, зборуваше за моќтта на граѓанското општество во изминатите години.

„Граѓанскиот сектор во изминатите 20 години нема многу да го коментирам, меѓутоа гледајќи од денешен аспект, граѓанскиот сектор веќе цврсто ги постави темелите каде што државата треба да се потпира на тие темели.

Во областа каде што јас бев насочена многу години наназад, а тоа е бегалската криза која што ја зафати нашата земја, први на помош беа граѓаните, граѓанскиот сектот, а не државата.

Да не беше граѓанскиот сектор, државата немаше да дознае дека имаме бегалска криза. Но, ја буткавме работата до онаа точка каде што законот требаше да се имплементира за доброто на тие страдалници, бегалци. Законот успеале да го имплементираат дури тогаш кога возовите земаа многу жртви, кога во Македонија закопавме над 50-60 бегалци, дури тогаш државата свати дека ние сериозно имаме бегалска криза.

Но, работатат на граѓанскиот сектор би ја претставила низ работата на ЦИВИЛ, низ годините растеле како организација и откако созреале, пред неколку години работно ме посетиле во Велес, и седејќи и разговарајќи почнаа да ме прашуваат како се снаоѓам, што правам, како го менаџирам сето тоа со работата со бегалците… и кога почнав да им објаснувам дека се е тоа толку ниско и мизерно, дека потребно ми беше да ги собирам и пластичните шишиња за да ги полнам со вода и да им ги давам на луѓето, ЦИВИЛ тогаш како да заборавија за што дојдоа работно кај мене. Ги насолзија очите Петрит и Џабир, само се брцнаа во џебовите и ги извадија парите, ситно што имаа дента за ручек во Велес, ми ги дадоа и ми рекоа „ајде оди купи вода за бегалците“. Ете тоа беше граѓанскиот сектор, тоа беше ЦИВИЛ.

Денеска би сакала да им го честитам овој ден, почетокот на 20 дена активизам и само со 20 цвета од името на сите овде да им го честитам овој ден.

Обработка на текст: Д. Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Камера: Атанас Петровски

This post is also available in: English