Заврши гласањето на затворениците и болните и изнемоштени лица во Гевгелија

Во затворот во Гевгелија денеска гласаа 38 затвореници, а гласањето помина во најдобар ред, известија набљудувачите на ЦИВИЛ.

Покрај затворениците гласале и 103 болни и изнемоштени лица.

Познати се и неофицијалните резултати од гласањето на затворениците и болните и изнемоштени лица во Гевгелија, но ЦИВИЛ почитувајќи го изборниот молк нема да ги соопшти.

ЦИВИЛ Тим за комуникации