Трајков: Пописот не е консензус, пописот е цензус

Директорот на Дом на млади, Горан Трајков на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика не политика“ :

Ние сме политички битија. Ние секој ден вежбаме политика, секој ден донесуваме политички одлуки. Дали тоа е исправно или не, тоа секој сам за себе си носи одлуки. Ако мислиме дека ни е потребен попис, пописот не е консензус, пописот е цензус. Ние сме поставени во ситуација да се попишеме или избришеме. Се заборава дека младите сакаат нешто друго и сакаат нешто различно. Малку поразлично од оваа драма, младите зборуваат многу остро, многу тешко се мотивираат да зборуваат, но кога ке се мотивираат зборуваат многу отворено. Сакаат општество во кое ке бидат слободни и сакаат мир, уморни се од политичките игри. Мораме да ги слушнеме желбите на младите. На каков темел е поставен на ова општество? Не стручни луѓе на стручни места еднакво е на пропаст. Колку градинки ни се потребни во нашиот град, колку училишта во нашиот град и држава? Како ке ги креираме тие политики ако не знаеме колку и какви содржини да направиме за младите но и за повозрасните?

Немаме време за чекање. Да не бидеме баби ванги и да не му кроиме капа на петко. Треба да оставиме пописот да се спроведува од стручните луге, и ако има сомнеж откако ке се заврши пописот со аргументи и докази да се испита.

This post is also available in: English