Маневски: Македонија нема да биде иста после пописот, ќе има потреба да се менува

Главниот уредник на ТВ Ирис, Војо Маневски, на панел дискусијата „Попис: Статистика, не политика“ во Штип истакна дека ние како општество сме препознатливи по тоа да донесеме пресуди пред нешто да се започне и пред да заврши.

„Статистиката не може да биде филозофија. Не смее да се политизира. Резултатите од пописот мора да бидат политика, за да се креираат програми и политики.

Како пример, според статистика на гледачи од пописот од 2002 година се плаќа концесија. Како медиум немаме точни податоци колку гледачи имаме. Ние не знаеме дали имаме потреба од 120 пратеника, или 16 министри. Сите тие политики ќе ни зависат од резултатите од пописот.

Како медиуми имаме обврска да пренесуваме вистински информации во врска со пописот. Тоа е нужност, се друго е манипулација и лажни вести. Македонија ќе има потреба да се менува, нема да биде иста после пописот“, вели Маневски.

This post is also available in: English