Семинар на ЦИВИЛ во Струмица: Не пропуштајте ја можноста за активно учество во транспарентни и одговорни политички процеси

ЦИВИЛ продоллжува со серијата семинари овој пат во Југоисточниот регион. Еднодневниот семинар „Граѓански објектив: транспаретност и одговорност во политичките процеси“ ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, од 10:30 до 17 часот во хотел Есперанто. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Струмица

Семинарите на ЦИВИЛ кои се дел од проектот „Граѓански објектив“, претставуваат можност за граѓанките и граѓаните да се запознаат со основите на човековите права, основите на новинарското известување, граѓанскиот активизам, како и со вештините на мониторингот и граѓанското учество.

Семинар за граѓанско новинарство, Штип

Откако ЦИВИЛ го воведе граѓанското новинарство во следењето на човековите права и изборите, јавноста е алармирана, а исто така и прекршителите. Кршењето на човековите права и слободи не е повеќе невидливо – јавноста за тоа може лесно и веднаш да дознае, преку прилозите на граѓанските новинарки и новинари.

Учесниците на семинарите имаат можност активно да се вклучат во општествените промени на локално и национално ниво и да учествуваат во демократските трансформации на општеството.

Како да станеме активни граѓанки и граѓани, семинар во Гостивар

Според ЦИВИЛ, семинарите што се дел од овој проект, претставуваат одлична можност за воспоставување на соработка со организацијата, а во пресрет на изборните процеси, тие се најважната етапа да се стане дел од мониторинг тимовите на организацијата.

ЦИВИЛ, како и сите претходни изборни процеси од 2008 година наваму, ќе го мониторира спроведувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Заинтересираните, што сакаат да станат дел од мониторинг тимот на ЦИВИЛ, пожелно е да пополнат пријава за учество.

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред. На овие семинари до сега учествуваа над 1.100 граѓанки и граѓани од сите краишта на земјата.

Во меѓувреме, ЦИВИЛ ги охрабрува сите граѓанки и граѓани што сакаат да бидат активни чинители во општеството, да прочитаат и научат повеќе за важноста на граѓанското новинарство во последните публикации на ЦИВИЛ, што се резултат на ангажираноста и успешноста на граѓанските новинарки и новинари: Промената е во вашите раце, објавена во 2019 година, како и публикацијата Граѓански објектив: Повеќе од проект од 2018 година.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

This post is also available in: English