БЕСА: Нема да дозволиме газење на волјата на албанските гласачи

Како реакција на вчерашната лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицковски, Движењето БЕСА обвини дека биле изоставени сите Албанци.

Според БЕСА, договорите на Заев и Мицковски за битни државни теми не треба да ги исклучува албанските политички претставници затоа што истите влијаат на интересите и на Албанците во државата.

„Законот за јавното обвинителство, иднината на специјалното обвинителство, отворањето поглавја за членство во Европската унија, законот за трансформација на ДСК во нова разузнавачка агенција, реформските закони како и многу други теми што не се ексклузивни прашања само на македонските политички партии , туку се теми и прашања кои бараат поширок меѓуетнички консензус.

Исклучувањето на албанците од консултации и донесување одлуки за вакви витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и, за жал, се покажа дека слоганот „Општество за сите“ подразбира целосна дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера која, за жал, ги продлабочува поделбите“, изјавија на денешната прес-конференција.

БЕСА апелираше да си смени пристапот кон албанскиот политички фактор и дека нема да дозвола газење на волјата на албанските гласачи.

„Движењето Беса во текот на целиот процес изрази добра волја и одигра конструктивна улога за иднината на Северна Македонија… Одговорностите и обврските за градење на оваа држава се заеднички како за Македонците, така и за Албанците, затоа апелираме грешките да се коригираат навремено за да се избегнуваат било какви несакани дејствија кои можаат да предизвикуваат фатални последици за Северна Македонија“, велат од БЕСА.