За време на изборен молк една политичка партија делеше заштитни маски со логото на партијата, односно со редниот број на гласачкото ливче во близина на плоштадот Скендер-бег во Скопје, во 11 часот.
„За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми“, пишува во член 69-а од Изборниот законик.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ