Новогодишни „желби“ со говор на омраза

Додека најголемиот дел од граѓаните си честитаат новогодишни празници на социјалните мрежи, дел од граѓаните шират говор на омраза. Додека едните пораки се да има мир, здравје, љубов…, другите пораки и желби се „да цркне од корона д-р Караџовски“, „огин да го изгори Заев и власта“, „исчезнатите девојки кои по една недела се вратиле дома биле на „аеробик“, „аџилак“, „сурфање“…

Еве дел од коментарите со говор на омраза за веста дека се запали трговскиот центар Глобал во Струмица.

Орданчо Пецов на својот Фејсбук профил како „новогодишна желба“ посака „власта да ја изгори во оган за доброто на општеството“.

Ниту веста дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирусот, не помина без говор на омраза и желби за негова смрт.

И вакцината против Ковид 19 доби политичка тежина, со доза на говор на омраза.

По една недела се пронајдени, односно се вратиле дома двете исчезнати девојки од Велес. На оваа вест коментарите изобилуваат со сексизам, говор на омраза, омаловажување…

До кога институциите ќе толерираат ваков примитивен говор? Говор на омраза, навреда и клевета, омаловажување е казниво со закон. Но, засега тоа е само закон напишан на хартија!

Дехран Муратов