Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, стана поворно мета на говор на омраза и закани, откако пред неколку дена на партиски митинг во Струга изјави дека ако Зоран Заев и Христијан Мицкоски создадат влада само со македонски претставници, Албанците ќе создадат албанска влада.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавувва на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Од говорот на омраза лесно се преминува на дела од омраза.
Mониторинг тим на ЦИВИЛ