Предизборен говор на омраза кон Тамара Тодевска

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи говор на ораза и навреди кон Тамара Тодевска на социјалните мрежи.

На Фејсбук профилот на Методија Македонски Василески ја поврзува Тамара со предлогот на ДУИ за прв министер Албанец и ветувањето дека химната на РСМ ќе се смени доколку добиеме премиер од ДУИ, со скратената верзија на интерпретацијата на Тамара на прославата за денот на независноста на САД,  во американската амбасада во Скопје.

Тамара Тодевска е предмет на говор на омраза и навреди од  веќе познатата Фејсбук страница „Налет да се сторите“.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Од говорот на омраза лесно се преминува на дела од омраза.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ