Во групата „Македонија е една и им припаѓа на Македонците!“, лицето Сузана Димитриевска споделила објава, односно фотографија со наслов „Директорка на училиште во Струга наредила уништување на сонцето од Кутлеш од игралиштето“, и напишала: „За вакво „самоопределување“ ли говореше Никола Димитров на вчерашната емисија „Само вистина“?“.
Под објавата, лицето Милица Стојановска повикува на линч, проследено со клетви, со коментарот:
„И уште ја чувате на тоа место, не сте ја расчеречиле, како што таа го унакажала сонцето македонскио, никогаш да не ја огрее!“
Откако е објавена оваа вест во повеќе медиуми како што се Република, Лидер, Курир, Вечер… на 23 јуни околу 15 часот, (во која не пишува информации за кое училиште се работи и како се вика директорката), во истиот ден околу 21 часот твитерџијата Кубрат Шазивар на Твитер објави пост со фотографија од Баже Лазевски кој наводно го избишал знамето од Кутлеш и напишал „Браво гнасо“.
Оваа објава е споделена на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук. По објавата има повици за линч, односно говор на омраза и закани кон Лазевски, дека „знаат дека е од Велес и каде живее“.