Учесници на пенел дискусијата се Ката Ристова раководител на општина Гевгелија, Сашо Поцков градоначалникот на општина Гевгелија и Ристо Камов, советник на општина Гевгелија од СПМ.
Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ.