Денешниот ден од Фестивалот на слободата ЦИВИЛ го стартува со презентација на проектот „Граѓански објектив: транспарентни и одговорни политички процеси“, за можностите на граѓанките и граѓаните за активно учество во креирање на политики на локално и национално ниво што ќе придонесат и во борбата против корупцијата и хибридните закани против демократијата.
Настанот се одржува во хотел Парк Резиденс. Презентацијата ќе оди во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржини од презентацијата ќе се објавуваат потоа и преку другите медиумски платформи на ЦИВИЛ Медиа. Презентери ќе бидат Дехран Муратов, Петрит Сарачини, Џабир Дерала и Биљана Јордановска.
За време на презентација ЦИВИЛ ги охрабрува сите што ќе не следат онлајн да поставуваат прашања, да споделат ставови и размислувања на темите за кои ќе се говори.