Говор на омраза и поддржување насилство врз ЛГБТИ лицата

Говорот на омраза, повици за линч и насилство кон ЛГБТИ лицата се зголеми на социјалните мрежи по објавата дека ЛГБТИ активистот Беким Асани од Тетово бил физички нападнат. Коментарите се дека „добро му направиле, и дека требало на лице место да го утепаат бидејќи е „п***р!



На коментарите, кои содржат говор на омраза или кои повикуваат на насилство, речиси никој не реагира и не им се спротивставува, напротив ваквите коментари имаат поддршка.

Меѓутоа, ретки се тие што се спротивставуваат на лицата кои повикуваат на насилство врз сето она што е различно од нив и што не ги задоволува нивните „духовни и морални вредности“. Една од тие ретките и храбрите е девојката Симона Милковиќ која му укажа на Николче Николовски дека никој не треба да биде тепан поради неговата сексуална определба, напротив. Но, колку успеала да го разубеди…

Говорот на омраза и делата од омраза се меѓусебно поврзани и претставуваат закана за човековите права и слободи, но и за развојот, безбедноста и стабилноста на едно демократско општество. Говорот на омразата кон „поинаквите“ често води кон дела од омраза кои се забранети и се санкционираат според Кривичниот законик. Насилството е неприфатливо и недозволено во едно демократско општество.

ЦИВИЛ отсекогаш бил и ќе биде организација што стои во одбрана на правата на ЛГБТИ заедницата и континуирано бара подобрување на нивните права со конкретни политики и практики кои институциите се должни да ги преземат. Не смее да има неказнивост за ништо, а тоа подразбира и укинување на неказнивоста за дела од омраза против ЛГБТИ заедницата. Должност на државата и институциите е да ги применат законите за сите подеднакво.