Мини депонија во Ѓорче Петров, од надлежните институции нема никаква реакција

Анонимен граѓанин ни достави фотографии од мини депонија која стои повеќе од еден месец на „Партизански одреди 171“ во Влае, општина Ѓорче Петров.

„Оваа мини депонија не се случи спонтано, туку преку ноќ некаде во почетокот на март. Пријавивме до општина Ѓорче Петров, но од таму не известија дека тоа го направиле општинарите кои чистеа, но до денес не е расчистена таа депонија. Реагиравме неколку пати, но нема никаква реакција. За ова пријавивме и до градската инспекција, но и од таму немаме никаква реакција“, вели анонимниот граѓанин.

Граѓанинот вели дека треба за сè да има надлежни, а не како досега за секоја работа да се префрла одговорноста на некој друг. Тој очекува оваа мини депонија што поскоро да се расчисти.

Д.М.