Панел на ЦИВИЛ: Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?

ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, во хотелот Парк Резиденс (зад градскиот стадион) во Скопје, со почеток во 13 часот.

Европските вредности многу често се поистоветуваат со политичкиот процес поврзан со интеграцијата во ЕУ. Се работи за нешто сосема друго. Европските вредности се почитување на правото, недискриминацијата, еднаквоста, почитување на различноста…

Како и каде се манифестира почитувањето на европските вредности кога се работи за креирање и спроведување на политиките и практиките на локално и национално ниво? Дали граѓанските организации доволно ги разбираат и ги негуваат европските вредности во своите средини и во интеракцијата со своите целни групи? Дали и како владеењето на правото се разбира и негува како една од основните европски вредности? Што се подразбира под изразот европски вредности? Тоа се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ и учесниците на панел дискусијата ќе се обидат да дадат одговор.

На панелот ќе учествуваат Лепа Џундева, новинарка во ТВ 24 и уредничка на „Европат“, активистот Тефик Махмут, и Самет Шабани, Хоризон Цивитас. Панелот ќе го модерира Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, панелот ќе се одржи без публика, а на панелистите ќе им овозможиме да присуствуваат физички и онлајн. Настанот ќе трае 60 минути.

Настанот ќе се пренесува во живо на видео каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од настанот, ќе се објавуваат на ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската платформа на организацијата, на македонски, албански и англиски јазик. Добредојдени се телевизиски екипи, со молба за строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид -19.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

ЦИВИЛ