Муратов: Во анализата на Богојески нема дисклејмер дека говорот на омраза е социјален експеримент

„Дали би ја забраниле брадата на мажите? Бидејќи еве јас имам брада, дали сум саудист? Дали жена ми која носи шамија треба да се забрани? Штом одговорот е „не“, тогаш зошто забранувате?“, истакна Дехран Муратов, на јавниот настан на тема „Говорот на омразата во политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

„Јас сметам дека ова што го зборувавте не е експеримент, тоа е точно тоа што вие веројатно сакате да го правите во иднина. За 10 години ако напишеме на интернет Петар Богојески- бурки, ќе искочи анализата во која нема никаков дисклејмер дека е социјален експеримент.

Вие пред 10 минути рековте дека нема да дозволите саудизација на државата. Рековте дека Скопје не е Бејрут. Ова е ваше лично мислење не е став на политиката. Тука користите една лажна вест истакнувајќи дека на протестот за Палестина не е истакнато македонското знаме“, нагласи Муратов.