(ВИДЕО) Арсовски, Иванова, Пошка и Арнаудова на дебата за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите

ЦИВИЛ организира панел дискусија за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности со почеток во 13 часот, во хотел Сити Парк, во Скопје.

Панел дискусијата е дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ што се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург.

На панелот се поканети учесниците во Иницијативата кои преку видео пораки ја промовираа мултикултурата и европските вредности, за изградба на општество во кое различностите се почитуваат и доживуваат како предност, богатство и квалитет. Присуство потврдија Перо Арсовски, Дуња Иванова, Агим Пошка и Кристина Арнаудова.