ЦИВИЛ во Велес одржа семинар за граѓанско новинарство

Со повеќе од 20 учеснички и учесници, на 28 јули во хотел Гарденија, во Велес се одржа уште еден успешен семинар за граѓанско новинарство. Како и секогаш, имаше одлична комуникација и нови идеи.

Со оглед на политичка состојба во Македонија и престојниот референдум, а потоа и претседателските избори, сите што беа дел од семинарот на ЦИВИЛ имаат можност да се вклучат во мониторинг на овие важни процеси применувајќи ги стекнатите знаења за граѓанско новинарство.

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест на политиките и практиките поврзани со човековите права и слободи.

Д. М.