ЦИВИЛ започнува нова серија семинари за граѓанско новинарство за сите граѓанки и граѓани што сакаат да придонесат кон транспарентни и одговорни политички процеси преку иновативни начини.
Првиот семинар ќе се одржи во Велес на 28 јули, сабота во хотел Гарденија од 11 до 17 часот. Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Велес, Св. Николе, Градско, Лозово, Росоман, Чашка, Кавадарци и Неготино.
Со оглед на моменталната политичка состојба во Македонија и престојниот референдум, а потоа и претседателските избори, сите што ќе бидат дел од семинарите на ЦИВИЛ ќе имаат можност да се вклучат во мониторинг на овие важни процеси применувајќи ги стекнатите знаења за граѓанско новинарство.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест на политиките и практиките поврзани со човековите права и слободи.