ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Сајбер нападите – предизборно оружје“ на која ќе стане збор за сајбер нападите врз интернет медиумите и како тие се користат како предизборно „оружје“. На панел дискусијата, панелистите ќе споделат информации и искуства на оваа тема, актуелна во светот и кај нас.
Gepostet von Civil MK am Donnerstag, 6. Februar 2020
Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“, се дел од прашањата на кои говорат панелистите на ЦИВИЛ, Сашо Орданоски, Јане Ѓорѓиоски, активист и блогер, Ермин Климента ИТ, Филип Стојановски, директор за развој на ресурси и партнерство, фондација Метаморфозис. Модератор на дискусијата е Џабир Дерала.