Жителите на Аеродром повторно на протест против градежниот хаос

Жителите на Аеродром повторно пред градилиштето кај Мајчин дом и покрај привремено стопираните активности. Протестот е знак дека тие не се откажуваат сè додека не се тргнат тарабите и не се засади нова трева на просторот кој веќе опустошен од багерите, јавуваат граѓанските новинари. 

Протестот започна во 17 часот и веќе се присутни сто педесет жители на општината, но постепено тој број на граѓанки и граѓани се зголемува, велат граѓанските новинари. Исто така, од видеото што го испратија се гледа дека на градилиштето е мирно и нема никави градешни активности иако градежната машинерија сè уште е тука.