Започна Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во организација на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човековите права.
Конференцијата се одржува комбинирано, со онлјан и физичко присуство, со максимално почитување на здравствените протоколи.
Конференцијата ќе се одржи во две сесии, во 12 и 13:30 часот. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а во неа учествуваат Министерот за правда, Бојан Маричиќ и универзитетскиот професор Александар Спасов.
Конференцијата може да ја следите онлајн тука.