Влада до ДКСК: Министрите што беа избрани за пратеници земаат плата за ангажманот во Влада, а не и во Собрание

По вчерашниот одговор на Антикорупциска дека, согласно новонастаната ситуација со министрите што станаа пратениици и од каде ќе бидат платени, ќе истражуваат за двојните плати на министрите, одговор стигна и од Владата на Република Северна Македонија.

„Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници, ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на траење на нивниот ангажман во Влада, а не и од Собранието.

Владата на Република Северна Македонија, како и досега, останува на силната поддршка за транспарентно и отчетно работење на сите институции во борбата против корупцијата и спречувањето конфликт на интереси, и ќе ја афирмира секоја дебата во таа насока базирана на факти и аргументи“, одговорија од Владата.

На вчерашната прес-конференција, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска рече дека за да се испочитува нашиот закон дека е несполива функцијата и да се испочитува изборниот законик произлегува дека не треба да бидат носители на листа или дел од листите за пратеници, за да не доаѓа до кршење, ако тие може да бидат дел од пратеничката листа тогаш треба да се регулира во кој момент ќе престане мандатот на министерот.