Потпалувачкиот пост на Апасиев поттикнува желби за „второ полувреме од 27 април“

Потпалувачкиот пост на пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев – „У нормален свет, КВИСЛИНЗИТЕ ги тепаат (за пример). Само кај нас квислинзите уште држат функции и склучуваат добрососедски “компромиси” #ПаДаСиГиГласате“, при споделување на веста дека демонстранти го претепаа претседателот на парламентот на Ерменија, предизвика низа на коментари со говор на омраза и повици за „второ полувреме од 27 април“.

Еден од коментарите е на Марјан Миноски кој пишува: „Е така треба и кај нас уште еднаш народот да излезе ама овој пат не за коса да ги тергне и да ги мава по малку да ги направат инвалиди в количка да одат“.

Милош Стоилковиќ пишува: „Вака требаше во 2001 ама јб…“.

Извесен Горан Трајков ги подбуцнува граѓаните да излезат на бунт за како што вели: „ајде Македонци што чекаме ние, да не постоиме ли“.

Дали Апасиев ќе сноси одговорност за ваквите потпалувачки постови? Во нашето општество потикнување на насилството и говор на омраза, не се смета за слобода на говор и демократско право!

Дехран Муратов