(ВИДЕО) Богојески, Иванов и Муратов на вонредна дебата за говорот на омраза кај политичарите

Говорот на омразата е честа алатка на политичарите. Како, колку и со која цел политичарите и политичките партии го употребуваат говорот на омразата во јавната комуникација? Што е говор на омразата во овој контекст? Која е одговорноста? Тоа се дел од прашањата за кои ќе стане збор на вонредниот јавен настан на тема „Говорот на омразата во политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

Учесници на панел дискусијата ќе бидат основачот и промотор на Македонски концепт, Петар Богојески, новинарите Зоран Иванов и Дехран Муратов и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.