Панел на ЦИВИЛ: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ на 20 мај (во четврток), во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот.

Учесници на панелот ќе бидат Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Драган Антоновски, директор и главен и одговорен уредник на МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ. Настанот ќе го модерира Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел дискусијата.

Во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, панелот ќе се одржи без публика, а на панелистите ќе им овозможиме да присуствуваат физички и онлајн. Настанот ќе трае 60 минути.

Настанот ќе се пренесува во живо на видео каналот и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од настанот, ќе се објавуваат на ЦИВИЛ МЕДИА, медиумската платформа на организацијата, на македонски, албански и англиски јазик. Добредојдени се телевизиски екипи, со молба за строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид -19.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.

ЦИВИЛ