Цветковска: Ние сме граѓани на оваа држава и тоа е вистинската европска вредност

Сега генерално ќе кажам, ги промовираме сите европски вредности, меѓутоа ги промовираме декларативно. Европските вредности подразбираат мултикултурализам и негово почитување во реалноста и во секојдневниот живот. Сведоци сме дека, особено на социјалните медиуми, има чести случаи на говор на омраза кој не го поттикнуваат и унапредуваат мултикултурализмот, туку напротив го потхрануваат. Ние како медиумска информативна агенција национална, верувам тука на иста линија сме со МТВ, би требало и со останатите медиуми, значи сме на некој начин сме браникот кој што треба да спречи понатамошна бура во развивање на тие напади кои што поттикнуваат говор на омраза по различни основи и причини, истакна Ана Цветковска уредничка во МИА на панелот на ЦИВИЛ „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите“.

Конкретно во МИА, во МИА отсекогаш постоеле редакции кои што ги застапувале вестите на заедниците, можам да кажам дека се тоа двете најзастапени заедници, македонскиот сервис и албанскиот сервис, но не постои, особено изминативе  три четири години, стриктна поделба на тие две редакции, во смисол и во македонската редакција работат Албанци и во албанската работат македонци. Ќе се обидуваме во иднина тој пристап да го одржуваме. Да не се делиме туку напротив да се спојуваме. Значи во македонската редакција да имаме интервјуа и стории кои што ќе бидат на албански со превод и обратно, бидејќи на тој начин ќе го поттикнеме мултикултурализмот, отколку да се поделуваме во две посебни редакции. Мислам дека тоа е многу битно за унапредување на овој феномен, односно многу е битно, како да кажам, да не се двоиме како две различни редакции, туку напротив да се поврзуваме и јазично и во начинот на работата.

Многу долго сме заедно во МИА  ние новинарите кои го работиме овој пристап, но овој пристап како што ви напоменав го воведовме изминативе три четири години повеќе да има мешање на новинарите и да нема поделба. Значи пред се сите да бидеме новинари и да работиме за јавниот интерес и да не ја гледаме таа поделба, а притоа да го прикажеме и делот што е битен за албанската етничка заедница, за ромската етничка заедница.

Битно е да се запознаваме едни со други. Еве да речеме, МИА  за верските празници, правиме репортажа која се однесува за православните христијани, потоа правевме сега репортажа за лицата од муслиманска вероисповед.  Значи како национален сервис се обидуваме таа мултикултурност да ја поврземе во една целина и тоа да го прикажеме на јавноста и на тој начин да бидеме брана нели на сите тие обиди за говор на омраза по разна основа: раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирани групи, етничка припадност, државјанство, религија, верско верување, сето тоа е казниво но ние се обидуваме да бидеме браната кон останатите медиуми кој што треба да го прифатат тој стандард на мултикултурно и заедничко работење на редакциите бидејќи пред се сме граѓани, без разлика на етничката припадност. Ние сме граѓани на оваа држава и тоа е вистинската европска вредност.

Вистинските вредности се да имаме повеќе вработувања, заедно да напредуваме, да имаме повисоко образование, подобра здравствена заштита, значи да ги видиме работите што не спојуваат, притоа во цел тој пакет да ги одржиме различностите на ова општество.

Предрасудите, стереотипите, репресиите не се новина. Тие постоеле од секогаш но со социјалните медиуми излегува на површина тоа што е болно во едно општество. Мое мислење е дека социјалните медиуми помогнаа да детектираме каде се нашите болести не само во Македонија туку и широко во светот. И сега е момент кога треба да се насочиме кон тоа да ги изградиме вистинските вредности. Значи тоа се неевропски цивилизациски вредности на прифаќање на различностите, а ние медиумите имаме огромна улога во сето тоа, да не поттикнуваме, да не подгреваме туку напротив да создаваме амбиент во кој секој ќе може да се изрази себеси, во кој што нема да имаме простор да даваме можност некој некого да дискриминира по било која основа, најмалку по етничка. Мислам дека сме на пат тоа да се оствари, нема да биде лесно, тешко е. Институции се во прашање, заглавени случаи, но мислам дека граѓаните во Македонија и медиумите се освестија за тоа каде е проблемот, можеби порано не се говорено за тоа, сега во голема мера проблемот е детектиран и треба да се работи на него.

Ирена Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска