Дива депонија - закана за куќите во Другово

Вештачка депонија, создадена со изградбата на делницата Кичево - Охрид, е потенцијална закана за жителите од селото Другово.

На оваа депонија има десетици метри кубни земја и камења кои во време на поголеми дождови се лизгаат до куќите во населбата Горно маало, каде има стотина куќи и околу 450 жители. Покрај опасност од одрон на земјиштето, постои и опасност од поплава слична на онаа која се случи во скопско Стајковци.

 

Иако жителите на Другово веќе неколку пати се обратиле и до општината и до Гранит, фирмата која ги изведува градежните работи, досега не се преземало ништо за санација на дивата депонија. Единствен одговор кој го добиле е дека истата ќе се санира откако ќе се заврши изградбата на патот.

Друговчани веќе година ипол стравуваат на секој пороен дожд, бидејќи водата од депонијата се слива директно во нивните куќи.

Амдија Емини

 

 

 

This post is also available in: Albanian English