Во креативна атмосфера во одлични услови што ги обезбеди Дом на млади - Штип, се одржа уште еден семинар за граѓанско новинарство. И на овој семинар имаше презентации за граѓанското новинарство, новинарското пишување и медиумската писменост, како и за можностите за учество во мониторинг на важните процеси во земјава. Активист(к)ите на Штип, ЦИВИЛ, учесничките и учесниците на семинарот и раководството на Дом на млади - Штип разговараа и планираа идни соработки во големата сала, додека младите уметници на Штип го украсуваа домот со своите ликовни интервенции.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест на политиките и практиките поврзани со човековите права и слободи.