При посетата на селото Виштица, Општина Липково, граѓанскиот новинар Бајрам Сулејмани забележал дека во основнот подрачно училиште во селото се врши реконструкција на кровот.
Од информациите што граѓанскиот новинар ги добил од вработен, училиштето е затворено од 7 септември, а реконструкцијата се очекува да заврши во наредните десет дена.
Во меѓувреме учениците не посетуваат настава, односно не се префрлени во некое друго училиште во општина Липково.
Граѓанскиот новинар го постави прашањето зошто реконструкцијата не е завршена за време на распустот и дали е дозволено децата во тек на учебната година, наместо во училишните клупи, повеќе од месец дена да седат дома?