Светскиот ден на слобода на медиумите е глобално одбележување, а не јавен празник

Што прават луѓето?

Светскиот ден на слобода на медиумите им дава можност на луѓето да им оддадат почит на медиумските работници кои го ризикуваат или го загубиле животот вршејќи ја нивната должност. Многу заедници, организации и поединци земаат учество на овој ден преку различни настани како што се уметнички изложби, вечери со излагања на истакната говорници и вечерни настани со доделувања на награди за оддавање почит на оние кои ги ризикувале своите животи за да на светот му обезбедат вести за случувањата.

Јавен живот

Светскиот ден на слобода на медиумите претставува глобално одбележување, а не јавен празник.

Потекло

Светскиот ден на слобода на медиумите основан е од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1993 година, како резултат на Семинарот за промовирање независен и плуралистички африкански печат. Семинарот се оддржал во Намибија и довел до усвојување на Декларацијата Виндхоек за промивирање на независно новинарство.

Декларацијата Виндхоек повикува на воспоставување, оддржување и негување на независен, плуралистички и слободен печат. Ја нагласува важноста на слободниот печат во развивањето и оддржувањето на демократијата на една нација, како и во економскиот развој. Светскиот ден на слободата на печатот се одбележува секоја година на 3 мај, датумот кога е усвоена Декларацијата Виндхоек.

Длабоки корени на одбележувањето на слободата на медиумите

Иако Светскиот ден на слободата на медиумите се одбележува од 1993 година, истиот има многу подлабоки корени во Обединетите нации. Во членот 19 од Универзалната декларација за човековите права од 1948 година се наведува дека секој „има право на слобода на мислење и изразување; ова право вклучува слобода да се има мислење без мешање и да се добиваат, да се пренесуваат информации и идеи преку медиумите и без разлика на пречките“.

Секоја година од 1997 година, Светската награда на УНЕСКО за слобода на печатот „Гилермо Кано“ се доделува во чест на поединец или организација што ја баранат или поттикнуваат слободата на изразување, особено доколку истата го става во опасност животот на поединецот. Наградата е наречена „Гилермо Кано“ по колумбискиот новинар кој е убиен во 1986 година по жестокото обвинување на нарко магнатите.