Вртев: Не дозволувајте силеџиите да ве избркаат од дома

Пејачот на групата „Архангел“, Ристо Вртев, на концертот на Владата насловен „Македонија оди напред кон НАТО и ЕУ“, што се одржа во сабота во Градски парк, им порача на граѓан(к)ите да не се иселуваат од Македонија, известува анонимна граѓанска новинарка.

„Или ќе ме убијат, или секако милион ќе се доволни. Македонија е богата земја и сè е во ред. Останете овде. Не дозволувајте никој да ве избрка од дома. Никој да не ве избрка, најмалку силеџии и пробисвети“, истакна Вртев.