Груевски избркан од Градски Парк

Според сведоштва на социјалните мрежи, екс-премиерот Никола Груевски бил избркан од градкиот парк вечерва со песната „Шутка не ти бега Никола“.

Ви продолжение, ви ја пренесуваме содржината на Фејсбук постот како што е напишана, без редакциска обработка:

Поранешниот премиер и сегашен лидер на вмро-дпмне без никаков срам и никакво достоинство се појави во Градскиот парк, каде што млади луѓе се забавуваа на снегот. Истиот беше избркан со песната 'Шутка не ти бега Никола!' Обезбедуваеето кое што го прати Никола да ме праша 'нели е срамота вака кога е со децата?' добија одговор кој верувам ви го пренеле, но еве и јавно ќе ви кажам. ('ви'-то се однесува на дистанца од секаков вид, не на почит). Не е срамота воопшто. Требаше да биде срамота кога го апсеа монструозно Кежаровски пред малолетно дете. Требаше да биде срамота кога ги влечеа и тепеа пратениците во Собрание а нивните деца гледаа преку екраните. Срамота беше кога малолетната ќерка на лидерот на опозицијата беше сексуализирана во социјалните мрежи од педофили и ваши членови. Срамота беше кога нас не крвнички млатеа на протести. Срамота е после сите гадости и криминали да си давате за право да шетате меѓу граѓаните како ништо да не било. Најсрамота е што се обидувате да се вадите на децата кога ве потсетуваме каде припаѓате и да ги злоупотребувате за ваша маркетиншка пропаганда. Срамота е што млади луѓе се плашат вие кога ќе се појавите, да не завршеле како Мартин Нешкоски. Срамота е што после се, законите на оваа држава ве поштедуваат. Но ние сме тука секогаш кога ќе ве сретнеме да ве потсетиме на тоа. Градот е наш, паркот е наш, слободата е наша и должноста да ви пееме дека вие не припаѓате тука, туку во некое затворено општество зад решетки.

lumi

Анонимен граѓански новинар ни го испрати овој скриншот од Фејсбук статусот на активист кој посведочил на „блиска средба“ меѓу Никола Груевски и неговото обезбедување во Градскиот Парк денеска.